Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – три години успешна работа на македонскиот телекомуникациски пазар, за своите сегашни и идни корисници подготви низа поволности и примамливи попусти.
За оние кои сакаат да го подобрат своето искуство со домашната забава, на роденденски попуст од 50 отсто се пакетите за сателитската телевизија mSAT TV.
Понудата вклучува попуст во траење од 14 месеци за секој договор склучен на 24 месеци, а дополнително корисниците добиваат 2 бесплатни STB и 10 отсто попуст на Samsung телевизорите,
соопштуваат од компанијата.
Како гест на благодарност, сите постоечки корисници на MTEL mSAT TV ќе имаат пристап до сите ТВ канали отклучени бесплатно од 15 ноември 2024 година до 15 јануари 2025 година.
Промотивните попусти и понуди ќе важат до 31 јануари 2025.
Дознајте повеќе за промотивните понуди во продажните салони на МТЕЛ и мрежата на овластени  партнери низ Македонија, на www.mtel.mk или јавете се на 15 010.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.