Делото Comedian на италијанскиот уметник Maurizio Katelano, кое стана вирално поради својата провокативна едноставност – обичнa бананa залепенa на ѕид – беше продадено на аукција во Sotheby, во Њујорк, за 6,2 милиони долари. Купувачот е Justin Sun, крипто-претприемач, кој истакна дека неговиот уметнички потфат е „културен феномен“ кој ги спојува световите на уметноста, мемите и криптовалутите.
Делото беше прикажано за прв пат во 2019 година во Art Basel Miami, каде три верзии беа продадени по цена од 120.000 до 150.000 долари. Сликата на банана залепена со лента за ѕид тогаш стана вирална низ социјалните мрежи и подигна толкава бура што мораше да биде отстранета.
На новата аукција, на 21 ноември, беше проценето дека поради големиот интерес, делото може да достигне цена и над еден милион долари. По наддавањето и постигнатата цена од 6,2 милиони долари Cattelan изјави дека новиот сопственик може да ја замени бананата кога сака или, едноставно, да ја остави да скапува, што дополнително ја нагласува иронијата и сатиричноста на целата работа.
Купувачот добива селотејп ролна, инструкции како да ја залепи бананата, како и сертификат за автентичност што ќе ја гарантира како оригинално дело. Бананата не е вклучена, бидејќи брзо ќе изгние и треба постојано да се менува, за да се прикаже.
Оваа продажба повторно ги разгоре дебатите за „комерцијализацијата на уметноста„ и „спектакуларната природа на уметничкиот пазар, од една страна критикувана како симбол на консумеризмот, додека од друга страна се смета за коментар на апсурдите на модерниот живот. Без разлика на мислењата, бананата од 6,2 милиони долари сигурно нема да престане да предизвикува дискусии./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.