Gucci ја претстави новата колекција балетанки – The New Horsebit Ballerina, која дополнително ја збогатува нивната постоечка линија на обувки со препознатливиот Horsebit детал. Балетанките комбинираат софистицираност и удобност, нудејќи совршен спој на класичен стил и модерни елементи. Наменети се за различни пригоди, од секојдневно носење до посебни пригоди.
Новите балетанки се изработени од висококвалитетни материјали, со внимание посветено на секој детал. Дизајнот вклучува препознатливи елементи на брендот, како што се токите Horsebit, кои додаваат допир на луксуз и префинетост.
The New Horsebit Ballerina е колекција дизајнирана да ги задоволи потребите на модерните жени кои бараат обувки кои се едновремено и stylish и удобни.
Како оригинален спој на традиција и иновација, се очекува балетанките да станат омилени меѓу љубителите на модата веќе за претстојната празнична сезона./М.М.
More in:Модни додатоци
Моќта на Burgundy чизмите
Burgundy чизмите се омилен тренд на есенските обувки, па есенва не е исклучок Burgundy чизмите ...
Bucket Bag : еволуција на тренд дизајнот
Вucket bag има фасцинантна историја која ја отсликува нејзината еволуција од утилитарен додаток до модна ...
Orion – наочари што го менуваат доживувањето на модата
Orion очилата на Meta не се само тренд, туку одржлива иднина за модата – сигнализираат ...
Тренд на сезоната – полумесечината на Gucci
Мојата мода е да го доловам необичното онаму каде што се очекува обичното, вели Sabato ...