Во Националната опера и балет, во Скопје, на први ноември годинава, во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Carra,“ новото дело на уметникот Бојан Ковски.
Оваа изложба, според соопштението инспирирана од незаборавната италијанска икона Рафаела Кара, ја претвора телесната уметност во живописен омаж на нејзината уметност и енергија. „ Но, ова не е обична изложба. „Carra“ е експлозија на движења, бои и форми, каде телото станува платно, а секој потег – песна што не се слуша, туку гледа.
Ќе бидат претставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет, кои на 15 македонски модели ќе раскажуваат своја приказна. Тука ќе ги видиме и некои истакнати лица на македонската сцена: Антониа Гиговска, Калтрина Круезиу, Миа Араби, Александар Динев, Ведрана Ѓорѓевиќ и други – кои со своето присуство го обликуваат духот на изложбата.
Магијата на уметноста не завршува со телото. Напротив, секое дело ќе биде овековечено со 12 фотографи кои, преку своите објективи, успеваат да го пренесат уникатниот светоглед на Ковски и неговите инсталации. Фотографите создаваат визии кои го доловуваат мистичниот танц помеѓу уметноста и телото, помеѓу формата и суштината.
Во целокупниот визуелен израз, важен дел се и фризурите кои ја комплетираат уметничката инсталација. Врвни фризери како Октај, Шурбевски, Сретен Костиќ, Кека Махмуди и Даниел Николовски креираа фризури кои се во совршена хармонија со телесната уметност, што на моделите им дава завршен изглед , достоен на оваа изложба.
„Carra“ е повеќе од изложба – тоа е покана за дијалог помеѓу минатото и сегашноста, помеѓу телото и духот, каде секој гест носи порака, а секоја боја – емоција. Ковски нè води низ прашалници за идентитетот и слободата, за моќта на уметноста да го пренесе она што зборовите не можат да доловат. Телото станува медиум на комуникација, симбол на универзалниот јазик кој сите можеме да го разбереме.
Влезот на изложбата е слободен, а поканети се сите – љубители на уметноста, љубопитни умови и пријатели – да се приклучат на оваа магична вечер.
More in:Вести
Од 25-ти октомври Моден Викенд Скопје
Од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на 29-то ...
Есенски базар во Скопје City Mall со 28 занаетчии и ракотворци
На големиот „Есенски базар“, што во организација на Скопје City Mall ќе се одржува од ...
Во Арена Борис Трајковски 5000 танчери на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024
На спектакуларниот шампионат на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024, што од ...
МФФ Киненова 2024 започнува со „Јон Вардар против Галаксијата“
Свеченото отворање на годинешното, деветто издание на МФФ Киненова, на 15 октомври, ќе биде во ...