Аргентинската фудбалска ѕвезда Lionel Messi се подготвува за нов предизвик, овој пат влегувајќи во парфемската индустрија – со сопствен мирис.

Според пригодниот текст, инспириран од човекот кој е повеќе од фудбалска икона, мирисот Messi Eau de Parfum  ја доловува суштината на скромната, но моќна личност на аргентинската ѕвезда  Lionel Messi. Тоа е миризливо патување кое ги рефлектира повеќеслојните димензии на легендата, дизајнирано да ги евоцира скриените сили и тивката доверба што се наоѓа во сите нас. Мирис кој раскажува приказна многу поинаква од онаа што се гледа. Можеби затоа и слоганот за мирисот – More Than We See, според соопштението, не е само слоган туку и прослава на нивоа што ја дефинираат личноста на Leo Messi.

Отсекогаш чуствував голема пасија кон парфеми и затоа сум исклучително возбуден што создадов парфем со свој потпис. Навистина е уникатен и инспиративен мирис, во персонализирано шише, наменет за сите фанови ширум светот“, се вели во пригодната изјава на Messi.

Messi Eau de Parfum е дрвенест, ароматичен мирис за мажи.  Дело е на Frank Voelkl, заедно со фудбалската легенда. Горните ноти се кардамон, листови од јаболко и чемпрес; средните ноти се кожа, лаванда и корен на ирис, додека во долните ноти се ванила, кедар од Вирџинија  и пачули. Парфемот е создаден од австралиската компанија Game On Product Group.

Освојувачот на Светското првенство и некогашна ѕвезда на Барселона, сега е во САД, кадешто игра за тимот на  Inter Majami во MLS лигата./М.М.

Messi Eau de Parfum, ќе биде на пазарот кон крајот на овој месец. Деталите за неговиот прв мирис, како и филмот од рекламната кампања, се на следниот линк: https://www.messifragrances.com/

You may also like

Comments are closed.