Од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во Скопје ќе биде домаќин на 29-то издание на Моден Викенд Скопје што годинава се одржува под мотото „Fashion Forever“.
Ова издание ќе биде фокусирано на иновациите и одржливоста – теми кои ја обликуваат иднината на модната индустрија. Со особен акцент на креативната интерпретација, настанот ќе служи како платформа каде локалните таленти ќе се сретнат со глобалните трендови, додека традицијата и футуризмот ќе се преплетуваат во уникатен моден концепт.
Модбиот Викенд Скопје донесува бројни изложби, креативни панели и модни ревии. Ќе започне со специјална изложба, курирана од Амбасадата на Кралството Шведска. Изложбата, насловена како „Fashion. Forever“ ќе ја нагласи циркуларната економија и еволуцијата на модната и на текстилната индустрија, прикажувајќи ги најновите трендови, бизнис моделите и иновативните алатки.
Главниот акцент е поставен на одржливата мода, креирањето нови визии за модната иднина и ангажирањето на млади таленти кои, преку свои уникатни решенија ќе покажат дека модата може да биде еколошки свесна. Секој чекор е инспириран од идејата дека модата е вечна, но секогаш прилагодлива кон предизвиците на новите времиња./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...