Мојата мода е да го доловам необичното онаму каде што се очекува обичното, вели Sabato De Sarno претставувајќи ја ѕвездата на неговата есенска колекција – чантата во облик на полумесечина.
Sabato De Sarno, италијанскиот моден дизајнер кој од минатата година е креативен директор на Gucci, не крие дека посакува да го промени начинот на облекувањето. Неговата визија за гардеробата на Gucci есенва подразбира јасна естетика: силуетите се рафинирани, зрачат со романтизам и посебна привлечност на сексипилот . Тоа особено е видливо во комплетирањето на силуетите: мини здолниште, високи чизни и – трендпт за сезонава – полумесечината на Gucci.
Чантата со облик на полумесечина е инспирирана од мотиви пронајдени во архивата на Gucci. Нудејќи современа привлечност, оваа заоблена форма на чантите, изработени во мека кожа, е прикажана во новите основни нијанси на модната куќа и со GG лого./М.М.
More in:Модни додатоци
Orion – наочари што го менуваат доживувањето на модата
Orion очилата на Meta не се само тренд, туку одржлива иднина за модата – сигнализираат ...
Промовиран првиот звучен часовник на Chanel
Chanel ја претстави својата најнова креација, Première Sound Watch, лимитирано издание на мајсторски спој на ...
SmartCard: тракер за вашиот паричник
Новиот тракер SmartCard, според создавачите ветува дека никогаш повеќе нема го изгубите паричникот. Иновативниот уред ...
Gucci B Bag: нов есенски тренд
Gucci ја претстави својата есенска рекламна кампања, во која новиот креативен директор Sabato De Sarno ...