ВестиКултура на живеење

Нов Мурал во Театар Комедија: Шпанска Керамика во Срцето на Скопје

Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело!
Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика Talavera de la Reina.
Муралот е продолжение на проектот „Дијалози“, со кој македонските уметници ја доловија својата
визија за уметничката традиција на керамиката Talavera de la Reina во нивните модни дизајни и керамички фигури.
Проектот е остварен под покровителство на Амбасадата на Шпанија, во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“ и со поддршка на Македонското Модно Здружение.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.