Emily Cooper (Lily Collins) и во четвртата сезона на Emily in Paris, напоредно со својата љубовна, продолжува и со модната приказна. Едноставно, облеката во Emily in Paris и уникатното чувство за мода во серијата се нешто на што може да се смета со секоја нова епизода.
По речиси две години исчекување, конечно пристигна четвртата сезона од серијата, а со неа и препознатливите, впечатливи модни комбинации кои ги обележаа претходните сезони на Emily in Paris. Костимографката Marylin Fitoussi уште еднаш го потврди својот талент да создаде уникатна, тренди облека што го одразува ликот на Emily Cooper која ја игра Lily Collins.
Оваа сезона таа носи разновидни стилови направени со посебен акцент на комбинирање на високата мода со секојдневни трендови.
Еден од највпечатливите првични изгледи вклучува зелен шорц и бустер од Philosophy di Lorenzo Serafini, кои Emily ги надополнува со розов кардиган од Jacquemus.

Овој изглед комбинира софистицираност со практичност, по поприфатливи цени, благодарение на попустите.
Меѓу повпечатливи модни моменти се издвојува монохроматскиот жолт комплет, кој вклучува велур кошула и сомотско здолниште од Possery. Овој аутфит, иако поскап, покажува храброст во комбинирањето на живи бои.

Емили импресионираше и со слоевит изглед во фустан со пердуви, кој беше софистицирано комбиниран со бела кошула и карирана вратоврска, внесувајќи примеси на забава и професионалност во нејзиниот изглед.

Посебно интересна е чантата на Vivienne Westwood, во разнобоен тартан, која ја носеа и други познати личности, како Taylor Swift. Овој детал покажува како Emily успева да ги интегрира луксузните парчиња во секојдневен стил.

Чувство на Emily за класични но удобни парчиња кои, можеби, потекнуваат од винтиџ продавници и изгледаат совршено, во примерот се на преголемото кадифено палто за постудени денови и соодветната чанта.

Четвртата сезона на Emily in Paris продолжува со модниот израз и стилските одлуки кои го одразуваат вкусот на најновите модни трендови. Од тој аспект, оваа сезона е вистинско доживување за љубителите на модата, кои ќе уживаат во секој детал од еклектичниот стил на Emily./М.М.


You may also like

Comments are closed.