Chanel ја претстави својата најнова креација, Première Sound Watch, лимитирано издание на мајсторски спој на часовник, накит и врвната технологија. Дизајниран од Arnaud Chastaing, директор на дизајнерското студио за производство на часовници на Chanel, претставен е како sautoir ѓердан што интегрира приклучок од 3,5 mm, овозможувајќи му да се поврзе со паметен телефон или друг вид аудио уред.
Première Sound Watch им оддава почит на легендарните дизајнерски елементи на Chanel. Осумаголното куќиште од 26 mm е инспирирано од затворачот на шишето на парфемот No. 5 додека ременот потсетува на синџирите за Chanel чантите. Самиот ѓердан е црн кожен аудио кабел испреплетен со нерѓосувачки челик и обложен со 18-каратно злато. Соодветните слушалки, создадени во соработка со Master & Dynamic, нудат исклучителен квалитет на звукот и може да се откачат, трансформирајќи го часовникот во самостоен моден додаток.
Première Sound Watch е со лимитирано издание, првин достапен во поп-ап продавницата на Chanel во Парис, по цена од 14.800 евра. Веќе го има вниманието на модните ентузијасти и инфлуенсери, а меѓу нив и на ќерката на Jony Depp, Lily-Rose, која настапи и во дигиталната кампања на новиот звучен часовник на Chanel./М.М.