Германската дизајнерка Melina Bucher ја претстави Dreamer, првата целосно веганска, био-базирана чанта на светот создадена без пластични компоненти. По долгогодишен развој и соработка со бројни иноватори на материјали ширум светот, создадена е торба од BioPuff материјал, направен од влакната на растението Typha и засилен со остатоци од коноп и мицелиј. Чантата е достапна за претходна нарачка по цена од околу 700 евра.


Последните години постојано се дебата за тоа што е подобро – животинска кожа или синтетички алтернативи. Она за што никој не сака да зборува е многу сериозно прашање, а се оснесува на пластиката. Имено, без оглед дали е во прашање животинска кожа или вегански производ, сите користат различни компоненти на база на пластика, како на пример засилувања, конци, ленти или пломби. Токму овие компоненти оневозможуваат рециклирање на кожните производи, па така индустрија вредна 500 милијарди американски долари е со производи што можат да одат само на отпад“, коментира Bucher во пригодното соопштение.


Во 2022 година, компанијата беше прва која промовира чанта со рачка направена од био-базиран материјал – Mirum, произведен од Natural Fiber Welding. Mirum користи иновативна технологија која го ослободува потенцијалот на природната гума со сертификат FSC и користи природни бои, за целосно елиминирање на пластиката, како и на синтетички бои. Овој материјал има значително позитивно влијание врз емисиите на стакленички гасови, а не бара ниту топлина ниту вода за време на производството и боењето, се наведува во соопштението, објаснува Melina Bucher.
Dreamer чантата е рачно изработена во сопственото ателје на Melina Bucher во Германија Првите испораки се планирани за средината на септември,по претходни нарачки преку нивната веб-страница./М.М.

You may also like

Comments are closed.