„Во љубовта сите сме кралеви и питачи“ е насловот на нова песна на Владо Калембер, во која музика е на Григор Копров, текстот на Саша Драгиќ, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.
Авторска тројка, за првпат споена во оваа песна, како да дава и новото светло во начинот на пеењето на Калембер: фантастично ја донесува емоцијата, како искуството и животот да направиле созреаните чувствата да звучат едноставно прекрасно.
Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слуша на просторот на поранешна Југославија. Се очекува и спот, а наскоро ќе биде препеана и на македонски јазик: Владо Калембер е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја.
Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер – „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и одтогаш трае нивното пријателство што, еве, резултира и во професионална соработка./М.М.
More in:Вести
Jannik Sinner – ѕвездата на Gucci
Модната куќа Gucci во соопштението до јавноста „ со гордост му честита на својот глобален ...
Rihanna и Dior – нова ера за J’Adore
Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот на Dior со Rihanna, во режија на Steven Klein, ...
IKEA отвора онлајн пазар за половен мебел
IKEA Preowned новата платформа е чекор напред кон кружен бизнис, планиран за поставување до 2030 ...
Охрид фест: Дејан Лилиќ и Марјана Станојковска водители на Интернационалната вечер
Дејан Лилиќ и Марјана Станојковска ќе бидат водители на Интернационалната вечер на 31-вото издание ...