Новиот Miss Dior Parfum модната куќа Dior го претстави со рекламна кампања во која настапува амбасадорката на брендот, Natalie Portman.
Американската актерка Natalie Portman, инаку заштитеното лице на Dior од 2010 година, во рекламниот филм го следи ритамот на Cry Baby, еден од вонвременските хитови на Janes Joplin.

Miss Dior Parfum е нов, раскошен букет од мириси во кој се преплетуваат интензивните цветни ноти со привлечните овошни и дрвенести назнаки. Олфакторното доживување на парфемот е патување низ расцветана градина, водено од лесната миризба на мандарините.
Создаден од Francisa Kurkdjian и François Demachy парфемот одава почест кон величествениот јасмин, откривајќи срце во кое овошните и цветни ноти се преплетуваат со длабока шумска позадина.Оваа реинтерпретација на парфем го потенцира повеќеслојниот карактер на јасминот, откривајќи композиција која осцилира помеѓу свежината на цитрусите и опојниот цветен превез.
Miss Dior Parfum (2024) е нов амбра цветен парфем за жени. Горните ноти се мандаринa, портокал, кајсија и праска; средните ноти се дива јагода, цветни ноти и јасмин; основните ноти се пачули, килибарно дрво, килибар, мов и атлас кедар./М.М.


https://www.dior.com/en_int/beauty/fragrance/discover-missdior-miss-mini.html

 

You may also like

Comments are closed.