Модерно, едноставно, длабоко сугестивно…така некако стручната јавност ја опиша новата колекција на MaxMara за сезоните есен/зима 2024 година. Бараната инспирација за колекцијата е Colette: мулти-талентиран уметник и икона на феминизмот од ерата на Belle Époque, поради што и силуетите се инспирирани од меката елеганција од 1910-тите. Нејзините машки класици се реинтерпретирани во беспрекорни офицерски палта и јакни со тенки нараменици и фустани со прерамки, како заводлива противтежа.


Имено, во својата најнова колекција MaxMara и оддава почит на Colette – на внатрешниот живот на иконата на феминизмот, од времето на Belle Époque. Доминираат обемни, заоблени силуети, во мирни нијанси од беж до сиво, покрај децидно црното.

Палтата се со интригантни нови конструкции – некаде со ракав од кимоно, некаде со проширени рамена, или се како бомбер јакните што ги рефлектираат урбаните трендови. Меките здолништа и блузон – фустаните во фланелни или кадифени ткаенини даваат нов тон за денот и вечерта; во текот на ноќта, сјајот на црно-сините кристали ја истакнуваат нивната строга геометрија.


Оваа сезона брендот претставува длабока цврста тегет сина која е комбинирана со црни и зачадени сиви тонови. Како ново читање на еден внатрешен свет.


Машките класици се реинтерпретираат во авторитативни палта и моќни јакни. Фустаните со прерамки обезбедуваат заводлива противтежа на модерниот урбан оклоп на MaxMarа.
Ревијата на MaxMara е на следниот линк:

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.