Сместен во самото срце на градот, салонот за вино Wine Berry веќе две години создава свои приказни. Освен атрактивно катче за попладневни собири, што Wine Berry стана во изминатиов период со организирани средби, дегустации на вино после работа, интимни собири со повод и причина, овој вински салон си изгради повисока и поблагородна мисија.
Посебноста на Wine Berry произлегува од изградениот концепт, во пријатна атмосфера да понуди повеќе од 200 вина, од странски и домашни винарии, стручната консултација, дегустација и сугестија што купувачот може да добие. Во Wine Berry може да се најдат најразновидни вина со потекло од Италија, Франција, Чиле, Нов Зеланд, Австралија, Јужна Африка, Калифорнија, Португалија, Шпанија, Аргентина… Но, многу поважно, во Wine Berry е собрано винското богатство на Македонија, преку застапеноста на вината од македонските семејни винарии. Во понудата на Wine Berry се застапени вина од 36 македонски семејни винарии, некои со традиционални сорти, други автохтони, органски или уникатни мешавини.
Произлезено од визијата на сопственичката, Јадранка Клариќ Кимовска, долгогодишен вински работник со меѓународно искуство и вински витез во Македонија, Wine Berry стана и најголемиот промотор на малите семејни винарии.
Wine Berry е место кадешто виното добива вистинска вредност. Во Wine Berry се организираат најдобрите и најквалитетни дегустации на вина, а освен големиот избор вина преку направената селекција според преференции, гостинот добива и информација за потеклото, сортата, винаријата, за основните ноти, за храната со која се препорачува, што да бара и што да добие од виното. Вината се достапни за дегустација на чаша и за купување во оригинална амбалажа и тоа по пристапни цени.
Веќе две години, Wine Berry е и промотор на малите семејни винарии, зголемувајќи ја свесноста за нивната уникатност, понудата, како и за значењето за домашната економија.
Освен преку претставувањето на вината надвор од Македонија, од страна на сопственикот Клариќ Кимовска на саеми и други вински настани, поддршката е и преку учество во проект за домашен туризам. Wine Berry е дел од проектот ИМЕ -швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост која континуирано работи на развој на активниот туризам во земјава.
Во овој проект Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда, јавање коњи низ недопрената природа на Бистра и Стогово каде што страста за јавање коњи се спојува со убавината на виното и се дополнува со ново, уникатно искуство – дегустација на македонски вина.
Информацијата за проектот, подготвена од ИМЕ – швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост е достапна тука.