Jean-Paul Gaultier ја претстави „Tattoo“, новата капсулна колекција, инспирирана од архивите на овој француски бренд. Tемата со тетоважи, за прв пат претставена во колекцијата пролет/лето 1994 година, наречена Les Tatouages, како да станала непресушен извор и предизвик на прочуениот дизајнер и на неговите наследници.
Имено, Jean-Paul Gaultier во 2009 година има воведено нови верзии на тетоважи, со добро познатиот морнариски стил, комбиниран со легендарните риги и традиционалните јапонски тетоважи, претставени на џемпери, парео и панталони. На некои шалови се испечатени и тетоважи со езотерична графика.
Новата колекција на креативната директорка Florence Tétier, за сезоните пролет/лето 24, наречена „Tattoo“ ја карактеризираат дизајни на тетоважи, испечатени на блузи, здолништа и комбинезони. Дел од претставеното, според белешките на брендот, е пресоздавање на сликите од модното шоуто на пистата, од есен/зима 2002 година.
Референците за класичниот изглед на Gaultier се гледаат и преку корсетите и мини здолништата, како своевиден поздрав и почит кон минатото на францускиот дизајнер.
Колекцијата е достапна на Jean-Paul Gaultier e-shop и во одредени малопродажни ланци… Во пригодната рекламна кампања настапуваат моделот Mia Kidis, како и актерката и модел Omahyra Mota, који од 2000-те се музи на брендот.
Florence Tétier објаснува дека добро познатите кампањи и историските колекции на Jean Paul Gaultier се и минато и сегашност на колекциите што брендот ги пресоздава. Со дневна/ноќна гардероба што се предлага, некој би можел да оди на работа наутро и да го заврши денот со ноќна шема – а доколку сака и да оди на работа следниот ден. Тоа, впрочем, според Tétier, е типичен „круг на живот„ во возбудлив град!/М.М.