Иако престојува повеќе од една година во далечната Азија, нашиот модел Христијан Стојаноски- Крис не застанува со нови проекти и ангажмани. Помеѓу последните негови поголеми модни успеси се издвојуваат кампањата за спортскиот бренд Fila и модниот едиторијал за престижниот магазин Da Man. Фотографиран во магичните паркови на Џакарта – Индонезија, нашиот Крис носеше облека на Dior, Hermes, Louis Vuitton и Prada.

Неговите ангажмани како интернационален модел го одведоа на бројни, посакувани светски дестинации како Бали, Суматра, Филипини, Тајланд и Сингапур.

Како интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис веќе седум години е присутен на модната сцена, а како позначајни успеси се кампањите за Tommy Hilfiger,  Louis Phillipe, Adidas, Peter England и Gap.

Од неговата матична агенција Моделс Ин Менаџмент истакнуваат дека Крис во моментов престојува во Таjпеј, Таjван каде што со засилено темпо продолжува да ја гради својата кариера.

Моделс Ин Менаџмент

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.