Никогаш досега се немало случено снимка на модна ревија на youtube да добие коментари како вчера креациите на Demna за Balenciaga.
Наместо судска разрешница, поради скандалот со децата во пролетната кампања, Demna и Balenciaga претставија есенската колекција која, замислете, наликува на моден погреб. Не е во прашање само прикажаното, туку и бројните коментари и констатации, поставени под снимката на ревијата одржана во рамките на париската недела на високата мода.
Вака можеби најдобро може да се сублимира сето што се случуваше последниве месеци и се случува сега со некогаш славната и цената модна куќа.
Имено, откако стана јасно дека никој нема да биде прогласен за виновен и суден за срамната злоупотреба на децата во пролетната Balenciaga кампања, и дека многу внимателно (и со многу пари) одредени модни часописи почнуваат да го одработуваат рехабилитирањето на куќата и на нејзиниот раководител Demna, дојде време и за преставување на нова колекција на Balenciaga.
Како ништо да не се случило, како и овој пат да победил законот на многу пари. Како да непостоел календар на модни настани за 2023 година во кој поради скандалот, нема место за големите дела на Demna.
Но, секогаш она Но – и никогаш досега се немало случено снимка на модна ревија на youtube да добие коментари како вчера Balenciaga на Demna.
Погребот на Balenciaga на Demna – токму во ваков тон се коментарите ставени под вчерашната снимка на париската парада, наречена уште и црнило на срамот.
Меѓу коментарите за траорното дефиле на погребни изгледина Balenciaga пишуваше:
Во рехабилитациониот проект на Demna и Balenciaga во магазинот Вог, текстот за новата колекција почнува со изјава на Demna според која изработката на облека била неговоклоп!
На крајот пак на ревијата, хромираниот 3D отпечатен изглед во облик на оклоп, со здолниште во вид на ѕвоно, Demna го потсетил на Јованка Орлеанка но и на него самиот!„Можеби немаше да биде запалена на клада затоа што носеше машка облека, ако ја носеше таа“, забележа тој. „Затоа што цел живот страдав поради тоа што го носам“. Ако за Demna Јованка Орлеанка била запалена затоа што носела машка облека, прашање е која историја има учено и чие нејзино ново читање нуди.
Патем, не појаснува каква врска има оклопот со неговите торби во вид на кеси за ѓубре, што ги има лани продавано за 2000 евра, или, торбите SadoMaso-мечиња, тутнати во рацете на деца, снимени легнати на кревет крај кој се празни чаши од вино и соблечени машки патики. Погребот насловен високата мода на Demna за Balenciaga нуди само времен одговор. ММ