Никогаш досега се немало случено снимка на модна ревија на youtube да добие коментари како вчера креациите на Demna за Balenciaga.

Наместо судска разрешница, поради скандалот со децата во пролетната кампања, Demna и Balenciaga претставија есенската колекција која, замислете, наликува на моден погреб. Не е во прашање само прикажаното, туку и бројните коментари и констатации, поставени под снимката на ревијата одржана во рамките на париската недела на високата мода.

Вака можеби најдобро може да се сублимира сето што се случуваше последниве месеци и се случува сега со некогаш славната и цената модна куќа.

Имено, откако  стана јасно дека никој нема да биде прогласен за виновен и суден за срамната злоупотреба на децата во пролетната Balenciaga кампања, и дека многу внимателно (и со многу пари) одредени модни часописи почнуваат да го одработуваат рехабилитирањето на куќата и на нејзиниот раководител Demna, дојде време и за преставување на нова колекција на Balenciaga.

Како ништо да не се случило, како и овој пат да победил законот на многу пари. Како да непостоел календар на модни настани за 2023 година во кој поради скандалот, нема место за големите дела на Demna.

Но, секогаш она Но – и никогаш досега се немало случено снимка на модна ревија на youtube да добие коментари како вчера Balenciaga на Demna.

Погребот на Balenciaga на Demna – токму во ваков тон се коментарите ставени под вчерашната снимка на париската парада, наречена уште и црнило на срамот.

Меѓу коментарите за траорното дефиле на погребни изгледина Balenciaga пишуваше:

Се чувствувам како да гледам погребна поворка. За мене ова е промашување: здодевно, мртво, како да го имам видено претходно… Уникатно? Ништо од оваа линија не е мода!
Зошто дури и се прикажува coture после голем скандал 😮 само прескокнете го! Не правете кловн од себе 🤦♀️
Чекај, ова не се меми генерирани со вештачка интелигенција?
А каде се SadoMaso-мечињата?
Вампири од гроб станале…
Апсолутно нема живот во оваа колекција. Висока мода (Couture) за живи мртовци. Трагично
Cristobal Balenciaga би бил засрамен – значи тоа вие го нарекувате Haute couture? Дури и се обраќате на “оваагенерација”?
Безчуствителна церебрална изопаченост – да, со обид за рециклирана свежина – да, со грубо претендирање конмрачен шик – да, за лошо пропорционалнатабезживотност – да. Изгледа како софистициран неуспех, без мобилна елеганција или естетика. Не е тоаChristobal Balenciaga, ниту Rei Kawakubo. И сезонсколудило е од ужасни, несмасни чевли! Дали се дизајнирани да ги газат лебарките во темни агли?
Ова е облека за членовите?! Ужасни чевли.
Сите модели изгледаат како зомби со скршен грб.
Роботи во чевли за кловн…
Ужасно шоу. Ана Винтур треба да е таму, таа е исто мумифицирана…
Извинете, но колекцијата изгледа многу евтино…😢дефинитивно, не е haute couture
Незнаев дека повторно ги рециклираат последните дизајни. Заморно!
Винтиџ изгледи и шилести кловновски чевли. Целото модно шоу е ужасно. Се враќам да го гледам Alaia модното шоу или нешто слично, убаво!

Во рехабилитациониот проект на Demna и Balenciaga во магазинот Вог, текстот за новата колекција почнува со изјава на Demna според која изработката на облека била неговоклоп!

На крајот пак на ревијата, хромираниот 3D отпечатен изглед во облик на оклоп, со здолниште во вид на ѕвоно, Demna го потсетил на Јованка Орлеанка но и на него самиот!„Можеби немаше да биде запалена на клада затоа што носеше машка облека, ако ја носеше таа“, забележа тој. „Затоа што цел живот страдав поради тоа што го носам“. Ако за Demna Јованка Орлеанка била запалена затоа што носела машка облека, прашање е која историја има учено и чие нејзино ново читање нуди.

Патем, не појаснува каква врска има оклопот со неговите торби во вид на кеси за ѓубре, што ги има лани продавано за 2000 евра, или, торбите SadoMaso-мечиња, тутнати во рацете на деца, снимени легнати на кревет крај кој се празни чаши од вино и соблечени машки патики. Погребот насловен високата мода на  Demna за Balenciaga нуди само времен одговор. ММ

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.