Fendi во соработка со јапонскиот архитект Kengo Kuma создаде модни додатоци кои сегашноста ја спојуваат минатото преку употреба на стари занаетчиски техники.

Познатите Fendi чанти Peekaboo и Baguette Soft Trunk, како и патиките Flow се реинтерпретирани со употреба на природни материјали и со техники који ги користеле старите јапонски занаетчии.

 

Модните додатоци се преставени на машката пролетно/летната ревијата на Fendi за 2024 година, одржана нa саемот за машка мода во Фиренца.

За изработка на торбите користен е варанши, материјал направен од памук и влакна од кора од дрво, што традиционално се користи за правење на оригами, лампиони и детали за кимоно.

 

Во изработката на Peekaboo чантата на Fendi варанши е користен како мека текстура за формирање на структурната основа. Нејзината површина, која има визуелни сличности со рачно изработената хартија, е користена како украс, низ надворешноста на чантата која изгледа како да е обвитката со кора од дрво.

Втората чанта, Baguette Soft Trunk е направена од кора од бреза, за која од брендот објаснуваат дека е блиска до шаблонот на Pequin на Fendi. Суровата кора е користена за надворешноста на торбата, додека внатрешните детали се направени од тосканско маслиново дрво.

Оваа традиционална техника на ткаење е искористена и за изработка обликот на ѓонот на Flow патиките, направени од рециклиран поли-памук и со подлога плетена со варанши.

Според уметничкиот директор за додатоци и машка облека на Fendi, Silvia Venturini Fendi, Kengo Kuma е мајстор на натуралистичката архитектура, кој ја сфаќа важноста на вградување на природата во архитектурата – и внатре и надвор. Неговото дело ги поврзува иднината со неговите корени и тоа на многу суштествен начин./М.М.

You may also like

Comments are closed.