Инспириран од многуте марами на Balmain, што ги открил во богатите архиви на модната куќа, Olivier Rousteing изнаоѓа нови начини да го вклучи тоа наследство од луксузна свила во неговите летни дизајни.
Различните компонирања на марамите со Balmain принтот ја формираат основата на некои од највпечатливите комплети и фустани за оваа сезона, како и на широк спектар на модни додатоци.
Така на пример здолништето е од пет свилени марами, со контрастен принт на монограмот на Pierre Balmain. Деталот за брендот на Pierre Balmain е испечатен на предната страна.
Машките и женски комплети се исто така направени со составување на четири, односно пет свилени марами со монограмски принт./М.М.