Викендов во Бејрут, Либан е одржан изборот за World Next Top Model, за 2023 година. Матеа Христовска, 18 годишната убавица и модел од Битола, која ја претставуваше нашата држава, ја освои титулата за најдобро тело – MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки, од исто толку држави од целиот свет.

Изборот е одржан во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која овој интернационален избор за модели традиционалано го организира во Бејрут.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од који имаше голема поддршка во Бејрут.

Модно студио Црнокрак

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.