Пред само два дена, на барање на модната агенција Елит од Милано, нашиот интернационален модел Андреј Пајмакоски замина за Милано, за со нив да потпише ексклузивен договор.
Еlite Model Management и денес е една од трите светски водечки модни агенции. Нашиот Андреј секако имаше успешна година во која изработи голем број кампањи и едиторијали. Меѓу се и оние за Дона Матоши ( Косово ), Спорт Вижн ( Србија ), Replay ( Косово ) како и последната кампања за Фешн Груп – Mango Man, Dan John и Bitsiani.
Според сите модни параметри и стандарди, Пајмакоски е на добар пат да го „покори„ модниот свет, а ние сме горди на неговата посветеност и крајна професионалност велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент. Во секој случај, да се биде дел од светски признаена модна агенција како Елит е голема чест и привилегија.
Моделс Ин Менаџмент