Според списанието Maxim, Ashley Graham е најсекси жена на светот (‘World’s Sexiest Woman’). Таа е број 1 на листата на „Најсекси жени во светот“, на Maxim, чија насловна ја краси за изданието „Hot 100“ за мај/јуни 2023 година.

Не е првпат 35-годишната Ashley Graham да се појави на насловната страница на изданието: нејзиното деби беше во април 2016 година, кога не беше ниту мажена, ниту мајка на три деца.
Сексипилноста, според неа има и многу сценарија и доаѓа во бројни облици и големини.
Патувањето за прифаќање на телото е она што таа го промовира во текот на кариерата како модел, иако признава дека незнаела дека е нејзината судбина да биде пред камерата кога во трговскиот центар во Небраска била снимена.” Тешко дека навистина знаеш што сакаш на 12 години но, искрено, незнам како поинаку би можел да ја имам оваа платформа ако не беше за манекенство – па Бог да ве благослови, моделинг”.

Претставена е во бројни списанија, вклучувајќи ги Maxim, Vogue, Elle, Glamour и Harper’s Bazaar, а во 2016 година, таа стана првиот модел кој ја краси насловната на Sports Illustrated Swimsuit Issue.
Како bona fide врвен модел, покрива списанија и глуми во импресивен број реклами, но е личност со големо влијание, предизвикувајки бранови од реакции ии менувајќи ја модната индустрија.
За влијанието говори и настапот на ТЕД настан, како и куклата Барбика, со нејзини димензии на телото.


Кога станува збор за нејзиниот личен живот, Ешли е во брак од 2010 година со кинематографот Џастин Ервин. „Се запознавме во црква во 2009 година и се венчавме во 2010 година. Знаев дека тој е тој. Беше висок, темен и убав, имаше прекрасна насмевка и беше поинаков. Овој човек беше поинаков. Зборуваше поинаку, постапуваше поинаку, кажуваше различни работи, до тој степен што сè уште го гледам и сум како „Ти си само поинаков, буу“.


Децата се природно центар на нејзиниот универзум. „Тоа што имам деца, ми дава повеќе поттик“, објаснува таа, додавајќи дека крунисувањето за кралица на Maxim Hot 100 2023, позната како титула на најсекси жена во светот, е дополнително значајна за неа поради раѓањето на близнаците во јануари 2021 година.

Лани титулата World’s Sexiest Woman и припаѓаше на Paige Spiranac, поранешен професионален играч на голф, а потоа и голф инфлуенсерка
Во годината во која беше прогласена за најсекси жена таа доби 3,7 милиони следбеници на Инстаграм и огромен број луѓе кои сè уште бараат нејзини видеа, фотографии, подкасти или совети за голф.


Според сето, инфлуенсерката за голф, родум од Колорадо тешко дека ќе исчезне од јавноста на социјалните мрежи и на YouTube./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.