Астрономските цени на дизајнерските чанти го наметнуваат прашањето за нивната вистинска вредност, односно за тоа колку се плаќаат суровината и изработката, колку името на брендот и дали и над тоа нешто се додава. Одговор нуди занаетчија кој децении работи со кожа и своите наоди ги пласира на TikTok, како Tanner Leatherstein.
Станува збор за Volkan Yilmaz, кој по потекло е од Турција, а живее во Тексас и сопственик е на Pegai, фирма која изработува предмети од кожа.
Volkan Yilmaz има 755.000 следбеници на TikTok каналот@tanner.leatherstein, a неговите прилози веќе имаат над седум милиони лајкови. Видео прилозите, односно инспекциите на дизајнерските чанти, ги смета за промоција на сопственото знаење и две децениското искуство во работата со кожа, како и за преставување на сопствен бренд Pegai.
Чанта никогаш не се продава за 2.000 фунти поради кожата туку поради статусот и престижот што ги носи дизајнерското лого и брендот. Некои луѓе го знаат, разбираат и го прифаќаат тоа и јас целосно го почитувам тоа. Но, има луѓе кои мислат дека цената го одразува квалитетот на материјалот, вели Volkan за порталот. Се надевам дека мојата анализа може да им помогне како и на што да ги трошат своите пари.
Првата работа што ја правам кога оценувам чанта е да се обидам да ја почувствувам – дали е пластична или можам да ја почувствувам природната форма на кожата“, објаснува Volkan. Често луксузните брендови ја „стандардизираат“ кожата, нанесувајќи акрилен слој, за да ги прикријат сите траги или несовршености. Потоа ја гледам на изработката, односно дали шевовите се совршено усогласени и колку е сложен целокупниот дизајн.
За да ја проценам кожата, истурам ацетон, а согорувањето на материјалот ми помага да разберам каква техника за потемнување е користена – некои се многу поскапи од другите.
Експертот за кожни чанти, како што го нарекуваат на социјалните мрежи, веќе има анализирано голем број познати дизајнерски брендови, вклучувајќи ги Kate Spade, Louis Vuitton, and Bottega Veneta.https://www.tiktok.com/@tanner.leatherstein/video/7173005281901710638
Yilmaz стана вирален кога направи видео анализа на Micro Arco чантата, на Bottega Veneta, која се продава за 2.500 долари.
Првиот впечаток е дека навистина ми се допаѓа чувството на кожата, вели Yilmaz. По голем број тестови на кожата, вклучително и триење со ацетон за да ја разложи виолетовата облога, проценката е дека кожата чинела до 130 долари и уште 120 долари биле за изработката и додатоците. Чантата се продава 10 пати поскапо од она што чини да се направи, но тоа не значи дека е лоша зделка. Секако, тука, пред се, се мисли на брендот.
Едно од шокантните откритија е дека чантата Chanel од 995 фунти всушност вреди само 75 фунти во кожа, други материјали и трошоци за работна сила.
Во неодамнешното видео, Volkan ја распарча чантата на Yves Saint Laurent која се продава за 1.690 долари. По видео анализата тој проценува дека вистинската вредност е всушност околу 160 долари, земајќи ги предвид сите употребени материјали и трошоците на работната сила.
Yilmaz вели дека има многу мали, локални занаетчии кои работат со кожа што можеби купувачите ја бараат – и можеби со нивно купување ќе заштедат многу пари. Изборот е ваш, заклучува тој./М.М.