Со филери и шминка, Миа Митановски ги полни регионалните медиуми со своите нови слики – на старите е Марко Митановски, успешен моден дизајнер кој живее и работи во Лондон.
За Марко Митановски светот слушна во 2009 година, на конкурсот за млади дизајнери „Ones to Watch show“, организиран од „Вог“ во рамките на лондонската модна недела.
Неговите дизајни ги носеа познати личности како: Lady Gaga, Skunk Anansie, Katie Melua , Paloma Faith, Immodesty Blaize, Bishi и Broken Hearts . Неговото дело е препознатливо по скулптурната и театарската форма, деталната конструкција и прецизната геометрија. Колекцијата Lady Macbeth е пример за структуралната форма на ренесансната облека каде што тој ги избра најзначајните елементи, им додаде нова димензија и одредени елементи од фетишот и панкот, темите со који ја внесе елизабетанската ера во 21 век.
По успешните творечки години Марко реши да се повлече од моднаа сцена и да ја реализира својата најголема желба: да стане жена. Марко стана Миа. Процесот на промена на полот траел повеќе години во кои се реализирани бројни зафати. Креаторката претстави ново лице, ново име и најави нова колекција. Сèпак, се уште се чека на враќањето во светот на модата./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...