Bernard Arnault, најбогатиот човек на светот, ја назначи својата ќерка на чело на модната куќа Dior.
Arnault ја претстави новата функција на Delphine Arnault, како дел од реконструкцијата на Lvmh, највредната компанија во Европа.
Промените стапуваат на сила во февруари, заедно со назначувањето на Antoine Arnault, најстариот син на Bernard Arnault, на чело на семејната холдинг компанија.
Во соопштението од холдингот се вели дека модните куќи Louis Vuitton и Christian Dior ги менуваат своите први луѓе: Pietro Beccari ќе го води Louis Vuitton,а Delphine Arnault, ќе управува со Christian Dior.
Во Louis Vuitton, Pietro Beccari доаѓа на местото на Michael Burke, како претседател и извршен директор. Beccari од 2018 година управуваше со Christian Dior Couture, спроведувајќи ја и интеграцијата на Tiffany компанијата која од 2021 година е во составот на Lvmh.
По десет години поминати на чело на Louis Vuitton, Michael Burke, ќе преземе нова должност во тимот на Bernard Arnault, првиот човек на Lvmh. Неговата ќерка, Delphine Arnault,е именувана за претседател и извршен директор на Christian Dior Couture. Тоа е нејзино враќање во модната куќа во која беше заменик генерален директор во периодот 2008 – 2013година. Од тогаш е на слични позицији во Louis Vuitton, директно одговорна за надзор на сите активности на производите.
Bernard Arnault во декември стана повторно најбогат човек на светот, оставајќи го Elon Musk зад себе./М.М.