Heidi Klum вели дека нејзиниот Halloween костим годинава ќе биде толку клаустофобичен што можеби ќе и треба итна медицинска помош.
Супермоделот Heidi Klum која е наречена и „Кралица на Ноќта на вештерките“ поради нејзините костими, изјавува дека е „многу возбудена“ поради нејзиниот најнов изглед, за кој вети дека ќе биде досега најнеочекуван.
Во изјавата за Entertainment Tonight за нејзината претстојна забава за Ноќта на вештерките во Њујорк Heidi вели: „Ќе бидам многу клаустрофобично. Многу, многу, многу клаустрофобично, но не сакам да ги изневерам моите обожаватели на Ноќта на вештерките, или себеси.
„За мене е внатрешен предизвик секоја година да смислам нешто неверојатно, нешто неочекувано. Се чувствувам како да го постигнав тоа годинава.
Се пошегува и дека ќе има лекар на забавата за Ноќта на вештерките, во случај да почне да „хипервентилира“ под тежината на новата маска.
Heidi од 1999 година е домаќин на екстравагантна забава за Ноќта на вештерките и досега се има претставено во повеќе изданија: од врколак во „Трилер“ , принцезата Фиона од „Шрек“, Jessica Rabbit , до лик на старица и лик без кожа од „Hellraiser“.
Heidi вели и дека од јуни ја подготвува годинешната облека, за што сведочи и скенот направен додека седела на стол во бикини./М.М.