Sycomore Parfum на Chanel е најнова парфемска верзија на легендарниот Chanel мирис.

Именуван по џиновското дрво, Sycomore, Chanel ја претставува силата на дрвото, грубата текстура на неговата кора и крцкањето на неговите гранки. Зачаден и зачинет, ова е мирис кој се врти околу ветиверот. Создаден со помош на Gabrielle Chanel, уште во 1930 година, ги раскажува нејзините спомени од детството меѓу старите, згаснати вулкани во Оверњ.

Во 2008 година, мирисот беше реинтерпретиран како дел од линијата Les Exclusifs. Тогашниот парфимер на Chanel, Jacques Polge, го разви заедно со Christoper Sheldrake. Chanel го опиша како мирис на ветивер, сандалово дрво, чемпрес и смрека.
Olivier Polge сега работеше на новата верзија на парфемот за да го засили потписот на Sycomore. Според Chanel, остава интензивна мирисна трага, засилувајќи ја неговата сензуалност. Споен со ноти на ирис и суптилно зајакнат со акценти на кожа и ванила, и оддава почит на оригиналната формула од 1930 година. Оваа, нова интерпретација е достапна во ограничено издание, од само 20 нумерирани примероци./М.М.

Chanel Sycomore Parfum е во продажба од септември, а деталите се на следниов линк: https://www.chanel.com/hk-en/fragrance/p/122300/sycomore-les-exclusifs-de-chanel-eau-de-parfum/

You may also like

Comments are closed.