По визуелните слики на идниот град, наречен The Line, кој ќе биде изграден во близина на Црвеното Море, владата на Саудиска Арабија го претстави и првото видео за овој грандиозен проект во кој свој дом ќе најдат осум милиони луѓе. Видео преставувањето е на следниов линк:
Имено, предвидено е градот на иднината да се протега на 170 километри низ северозападна Саудиска Арабија, како мегаструктурата, која ќе има огледала на фасадите, ќе биде висока 500, а широка 200 метри.
Транспортниот систем е без автомобили, ќе се протега по должината на мегаструктурата ќе биде дизајниран да ги поврзе двата краја на градот за време од 20 минути. Според владата на Саудиска Арабија, структурата целосно ќе се напојува со обновлива енергија и е дизајнирана како одржлива алтернатива на традиционалните градови.
The Line е дел од иницијативата Neom, за визијата на Саудиска Арабија 2030, што подразбира диверзифицира на економија и помала зависност од нафтата./М.М.