Отворачот за пивото на брендот Heineken е и затворач, (“The Closer”) чија напредна технологија ги исклучува сите дигитални уреди во близина, во моментот кога со него се отвора пивото.

Промо-производот со ограничено издание има за цел да ги поттикне разговорите за потребата од подобар баланс помеѓу работата, слободното време и животот во целина.

„Како бренд, ние отсекогаш се залагавме за создавање моменти на заеднички врски со другите“, изјави Bram Westenbrink, глобален директор на Heineken. „Со тоа што некогаш јасните граници помеѓу работата и личното време, по пандемијата COVID-19 брзо се нарушуваат, сакаме да ја поттикнеме многу потребната дебата за важноста на спротивставувањето на општествените притисоци во таа насока и да ги охрабриме работниците ширум светот повторно да им биде приоритет слободното време со луѓето кои им се најважни“.

„Додека луѓето продолжуваат да се чувствуваат како постојано да мора да работат, тие забораваат дека исклучувањето е дури и опција“, рече Bruno Bertelli, глобален главен креативен директор на Publicis Worldwide, агенцијата која ја создаде кампањата за затворачот на Heineken. Затворачот, додаде тој, не е само технологија. „Тоа е социјална провокација за да им се помогне на луѓето да видат дека притисокот да се работи постојано станува малку смешен и дека сите ние имаме моќ да се одјавиме и повторно да се дружиме со нашите пријатели“./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.