Модната куќа Coach, во соработка со уметникот Cyril Lancelin, ја создаде инсталацијата „Coach Pillow“, инспирирана од чантата на брендот.
Инсталацијата, наречена Pillow Tabby, ги поканува минувачите да истражуваат низ големата структура што наликува на лавиринт од бесконечна перница. Структурата е дизајнирана во стилот на Lancelin, создадена за да го прослави повторното отворање на Лондон, по месеците поминати во заклучувања, поради пандемијата. Розовата структура постоји и дигитално, каде што со аугментирана реалност (AR) посетителите учествуваат во лов на богатство.

Коментирајќи го новото искуство, креативниот директор на Coach, Stuart Vevers, вели:
„Инспирирана од желбата за удобност и допир, Pillow Tabby чантата беше дизајнирана како одговор на времињата низ кои поминуваме. Создадената инсталација се надоврзува на оваа приказна, поканувајќи ги посетителите во мек, разигран свет, инспириран од нашата Pillow Tabby“.

Според Lancelin, „Pillow Tabby е како инспирација за структурата, а преставените испреплетувања како излез, како утешно бегство од надворешниот свет. Возбудливо е да се види како се преплетуваат модата и уметноста на таков извонреден начин, поттикнувајќи дијалог меѓу структурата и нејзините посетители“.

Coach Pillow инсталацијата во текот на месецов, освен во Лондон, ќе биде претставена и во Берлин и Дубаи./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.