Рекламната кампања за најновата, летна колекција на Stella McCartney, во која настапува супермоделот Natalia Vodianova, снимена е во градината Marqueyssac, во јужниот дел на Франција. Познатото модно дуо фотографи, Mert & Marcus, колекцијата ја преставува како своевидно патување кон природата. Инспирацијата за кампањата е, како и секогаш, одржливоста и новите материјали.


Поворно, како и изминатава деценија, печурките се појдовната точка при создавањето, со тоа што овој пат дизајнерката е поддржана и од британскиот миколог Merlin Sheldrake за печурките и човештвото, који носи надеж за иднината на планетата земја.
Stella McCartney за летово предлага пред се боди и фустани со лесно, опуштено кроење. Додатоците вклучуваат розови очила за сонце и чанта Frayme, изработена од веганска кожа. Палетата на бои на колекцијата е топла црвена, зелена и металик златна, со тоа што облеката е произведена од рециклиран полиестер, еластин, најлон, органски памук и лен, вискоза и волна од регенеративни фарми, како и Recycrom обоен тексас, од органски памук.


Колекцијата Лето 2022 на Stella McCartney ќе биде достапна во бутиците на брендот и во електронската продавница на сајтот stellamccartney.com кон крајот на март.


Четириесет-годишната руска манекенка Natalia Vodianova, која блека во моделите на Stella McCartney е и амбасадор на добрата волја на Обединетите Нации./М.М.

You may also like

Comments are closed.