Пролетната колекција на машка облека е и иста и различна од оние што Brioni досега го има преставено. Имено, славната историја и традиција на Brioni биле и се постојан извор на идеи што потоа, осовременети ,се нудат на пазарот.
Веќе 76 години модната куќа за машка облека Brioni создава ексклузивна, сарторијална готова облека, кожни производи, чевли, очила и парфеми. Една деценија е во состав на Kering групацијата, а три години Norbert Stumpfl е нејзин креативен директор.
Brioni и Stumpfl за наредната пролет максимално ги ангажираа мајсторите – кројачи и шивачи, за повторно да понудат вонвременска облека која заслужува да биде долго носена. Рафинираните материјали и прецизното кроење одговараат на ненапорниот став во луксузната вечерна облека на Brioni. Изгледот е надополнет со безвременски свилени додатоци и рачно изработен сребрен накит./М.М.