Глобално распространет, со мастер франшизи во повеќе од 80 земји во Европа, Азија, Латинска Америка, Океанија, Африка и со над 30 под-франшизи, МИНИСО повеќе од три години постои на македонскиот пазар, со уникатна палета на производи, по достапни цени.
Водејќи се по светските трендови и потребата на купувачите за заштеда на време и можност за купување од било каде и било кога, новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е веќе достапна 24/7 за сите љубители на онлајн шопингот.
Новата онлајн продавница на МИНИСО Македонија е достапна на следниот линк:
Адаптирајќи се согласно потребите на потрошувачите, онлајн продавницата на МИНИСО Македонија нуди повеќе од 8000 производи, за различни возрасти и интереси, во голем број разновидни категории како: канцелариски материјали, козметика, ароматични производи, чанти и аксесоари, електроника и електрични уреди, играчки, нега на кожа, и други. Онлајн продавницата вклучува и други придобивки за корисниците, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, безбеден систем при плаќање и 100% поврат на средства, односно до 15 дена враќање на пратка.
„MINISO со повеќе од 4.200 продавници во над 80 земји и региони, од 2013 година има за цел да прерасне во бренд, совршено усогласен со младите, појасно разбирајќи ги нивните ставови и однесувања, за да им го донесе најпријатното можно искуство за купување. Станува збор за еден од најфлексибилните бизнис модели на малопродажба – почнувајќи од структурата на работење на франшиза, па сè до материјалите од светска класа за набавка на синџири на снабдување и производство што го нуди, што за нас, на некој начин, беше еден од клучните фактори да го донесеме Минисо во Македонија,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова, генерален директор на Минисо Македонија.
Интересен е фактот што основачот на МИНИСО, Ye Guofu, инспирацијата за својата нова компанија ја добил додека бил на одмор со своето семејство во Јапонија во 2013та година. Тој ја започна приказната на овој глобален продажен ланец, како бренд којшто допира и се истоветува најмногу со младите луѓе, во време на период на кинеската економска трансформација, кога ја искористи можноста да започне нов бизнис модел во Кина, кој речиси го монополизирал офлајн протокот на купувачи во земјата.
Еден од главните фокуси на МИНИСО Македонија е обезбедување неизмерна поддршка на младите македонски пејачи, а доказ за тоа е соработката со младата пејачка Лара Иванова, која е бренд амбасадор на МИНИСО Онлајн, а која заедно со познатите уметници Роберт Билбилов, Александра Јанева и Полина, веруваат во успехот на овој бренд и ветуваат многу изненадувања во склоп на понатамошната соработка со ова глобално име достапно и кај нас./М.М.