Hublot стана партнер на Polar Pod експедицијата, создадена од истражувачот Jean-Louis Etienne за проучување на Јужниот Океан, кој го опкружува Антарктикот. Мисијата ќе сподели податоци со меѓународната научна заедница, собрани од страна на еколошки брод, со нулта емисија.

Швајцарскиот производител на часовници е горд што ја поддржува првата светска експедиција за истражување на главниот океански јаглероден чистач на планетата и огромен резервоар на морски биодиверзитет. Со ова партнерство со Jean-Louis Etienne, Hublot резонира со изворот на самото име на брендот, и ја отелотворува нивната филозофијата : „Да се биде прв, различен и уникатен“.

Како дел од својата програма Hublot Xplorations, швајцарскиот производител на часовници потпиша договор за партнерство со експедицијата Polar Pod. Замислата на францускиот истражувач Jean-Louis Etienne е со нов брод да ги истражува водите по силните ветришта на разбрануваното море на Јужниот Океан.
Изградбата на новиот брод на Polar Pod ќе започне во јуни годинава, а се планира да заврши до крајот на 2023 година. Експедицијата ќе трае три години – до 2026 година.

Јужниот океан зафаќа 50% од јаглеродниот диоксид апсорбиран од сите светски океани и претставува огромен резервоар на морска биолошка разновидност. Благодарение на своите моќни инструменти, Polar Pod ќе врши мерења и набљудувања на овој оддалечен дел од светот и ќе обезбеди континуиран прилив на податоци што моментално и недостасуваат на меѓународната научна заедница. Овие податоци ги опфаќаат биодиверзитетот, динамиката на океанската струја, влијанието на човечкото загадување и интеракциите атмосфера-океан кои ја регулираат климата.
Научниците од 43 институции и универзитети во 12 земји ќе придонесат во истражувањето. Проектот вклучува и образовни сесии што ќе им овозможи на учениците во училиштата да ја следат авантурата преку видеа и изложби./М.М.

Деталите се на https://www.lvmh.com/news-documents/news/hublot-joins-polar-pod-expedition-designed-by-explorer-jean-louis-etienne/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.