Секоја година, модните писти на Њујорк, Лондон, Милано и Париз на светот му го презентираат најдоброто што може да го понуди светот на модата. Цел месец, сите погледи се насочени кон модните писти, бидејќи светот на модата ги открива најновите трендови, бои и стилови на облеката што ќе се носи, заедно со новите идеи за модните додатоци.
Досега видениот накит на модните писти за есен/зима 2022 година наведува на заклучок според кој обетките ќе добијат доминантно место во есенските изгледи. Новиот тренд значи и нов облик и големина на обетките, според виденото на најголемите модни сцени.
Од предимензионирани, асиметрични обетки кај Ulla Johnson, розови светкави обетки со реси на Valentino, до модерни чокер гердани во Versace./М.М.