Furla создаде чанта која, како што велат од брендот, е совршена за модерната жена. Од 1927 година во модниот свет Furla развива имиџ на бренд на високо-квалитетни италијански производи. Сепак, новата Bloom чантата како да се повеќе од тоа. Наменета е да биде доверлива, со таинствени простори. Со своите светли бои ги поттикнува жените да цветаат и да одат по она што го сакаат.


Furla Bloom е достапна во 10 различни нијанси за да одговара на секоја пролетна комбинација. Од блескаво сино до богата црвена и поедноставна бела нијанса, може да послужи како совршен додаток – да биде идеална секојдневна чанта.
Телото на чантата е изработено од биоразградлива хартиена ткаенина и поврзано со рециклирана акрилна лента во стил на ланец. Разбирајќи ја потребата за еколошка мода, Furla избра материјали кои не содржат хемикалии или токсини и можат негативно да влијаат на животната средина./М.М.

You may also like

Comments are closed.