ЗдравјеУбавина и здравје

Маслото од тиква – вкусен производ и ценет природен лек

Маслото од тиква со својот исклучителен јаткаст вкус дава посебна и специфична арома на многу јадења. Освен што е високо препознатливо во готвењето како природен, здрав и вкусен производ, маслото од тиква има големо влијание врз здравјето.

Благодарение на богатството на хранливи лековити соединенија, маслото од тиква се смета за еден од најценетите природни лекови. Содржи јаглехидрати, минерали, протеини и важни незаситени масни киселини, линолна (омега-6) и олеинска (омега-9) киселина. Богат е со железо, манган, магнезиум, бакар, цинк и селен и витамини Ц, Е, Д, К и Б. Претставува и пироден лек за простата.


Бројни студии ширум светот, спроведени на постарата машка популација покажаа дека лекува проблеми со простатата. Редовното консумирање масло од тиква (најмалку една кафена лажичка дневно) ги ублажува тешкотиите со зголемените проблеми со простатата.
Поради олеинската киселина во неговиот состав, маслото од тиква помага во намалување на високиот холестерол. Ефикасно е кај сите кардиоваскуларни заболувања и ја помага работата на срцето и крвните садови. Го ублажува воспалението на мочниот меур. Го подобрува варењето и ги штити бубрезите
Уште од античко време, маслото од тиква е познато како диуретик, но и одлично средство за чистење на организмот од цревни паразити. Помага и при запек и воспаление на дебелото црево (колитис). Ефикасно е при металоиди и го ублажува синдромот на нервозно дебело црево. Докажана е и силната моќ на ова масло во спречување на оштетување на бубрезите предизвикано од дијабетес. Тоа им помага на срцето и крвните садови.
Благодарение на неговите лековити состојки, маслото од тиква го ублажува воспалението на уринарниот систем. Го стимулира мокрењето и помага во зајакнувањето на мускулите на мочниот меур./М.М.

You may also like

Comments are closed.