Пролетната колекција наречена For Love & Lemons на Victoria’s Secret, со моделот Frida Aasen сосема го следи добро познатиот имиџ на брендот.

Промените во стратегијата за поголем опфат на целни групи жени, како и инклузивноста, не го исклучија делот со рекламните кампањи, наменети за младите девојки со совршени пропорции. Па така, за совршена пролет, прочуениот бренд за долна облека и моделот Frida Aasen, како заштитно лице на колекцијата, нудат сонливи, романтични и сензуални дизајни.


Со огромната капа за сонце и стилскиот накит, парчињата долна облека добиваат несекојдневен – шик излет./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.