Чизмите на платформата на брендот Syro, наменети за зимава, како и за идната пролет, според зборовите на коосновачот Shaobo Han, распродадени се речиси веднаш. https://shopsyro.com/
„Луѓето сакаат да се чувствуваат моќно и (да бидат) моќни, вели тој. Во моментот кога ќе ги облечете, дополнителната висина што автоматски ја добивате, едноставно влијае да го гледате светот поинаку.
Од брендот Glowsly истакнуваат дека платформите се еден од најпопуларните трендови за есенва. Од Prada до Molly Goddard и Alberta Ferretti , како кај Ulla Johnson, платформите се појавија во низа различни стилови на чевли. Така Ulla Johnson на пример користеше природно дрво за да влијае на дизајнот на чизмите на платформа. https://glowsly.com/fall-winter-shoe-trends/
Луѓето само сакаат повторно да се чувствуваат среќни, вели стилистка Nicole Chavez, додавајќи дека високите потпетици, особено оние со светки, се дел модата за „подобрување на расположението“.
Потпетиците на платформата The Rainbow на Salvatore Ferragamo, промовирани во 2016 година во седиштето на брендот во Фиренца, доживуваат ново издание и интерес. https://www.ferragamo.com/shop/gb/en/ferragamo-creations/icons-uk/iconicshoes-uk/rainbow-sandal-634098–24
Се на се – платформите сериозно се враќаат, а и ѕвездите го поддржуваат трендот годинава, како своевиден одговор на заклучувањата поради пандемијата./М.М.