Трпение, разбирање, спокојство – тоа е она што тимот на „ултра-технолозите“ од Токио сака да го искусат посетителите кога ќе влезат во просторот на новото уметничко дело, насловено како „Пловечка цветна градина. Инсталацијата е изложена во Lab Planets музејот во Токио.
Делото е составено од над 13.000 орхидеи кои, поставени од таванот, растат по речиси невидливи жици за да остават впечаток дека лебдеат во воздухот. Штом посетителите ќе се доближат до завесата од орхидеи, магијата, со потпис на teamLab, почнува да се обликува. Активирани од сензори, според CNN, цвеќињата полека почнуваат да се креваат, овозможува да се влезе во просторот, пред повторно да се спуштат.
https://edition.cnn.com/style/article/teamlab-orchid-garden-tokyo/index.html
Додека уметничкото дело изгледа целосно преплавено со цвеќиња, се создаваат нови простори за посетителите да ги истражуваат.
Во teamLab, се уметници, програмери, инженери, CG аниматори, математичари и архитекти, за кои орхидеите се совршен цвет за инсталацијата. Еволуирани да растат без земја, тие ја симболизираат еластичноста и приспособливоста што се претставува и на одреден начин истражува преку уметничкото дело.
Инсталацијата претставува оригинално, инспиративно поврзување на убавините на природата со технологијата и уметноста, преку интерактивни LED диоди, проекции и звучни пејсажи, оставајќи ги посетителите маѓепсани. Ќе остане отворена до крајот на 2022 година./М.М.