Посетителите на Јужна Кореја за три години ќе можат да го посетат и да престојуваат во првиот пловечки град во светот.
Првиот пловечки град се наоѓа недалеку од брегот на Бусан. Со инфраструктура што ќе биде отпорна на поплави и составена од вештачки острови, ќе биде прв пример за самоодржливи населби, поддржани од ОН. UN Habitat, Oceanix и Busan Metropolitan City стојат зад проектот на првиот самоодржлив прототип во светот кој ќе им овозможи на луѓето да бидат безбедни од катастрофи предизвикани од климатските промени.
Извршниот директор на UN Habitat , Maimunah Moоd Sharif вели дека одржливите пловечки градови се дел од арсеналот на стратегии за климатска адаптација што сега е достапна. Наместо да се бориме со водата, ќе научиме да живееме во хармонија со неа. Со нетрпение очекуваме да развиеме природни решенија преку концептот на пловечки град, а Бусан е совршен избор за овој прототип.
Крајните димензии на градот сеуште не се одредени, но поголемите населби ќе се со површина од околу 75 хектари и ќе можат да примат до 10.000 жители. Бидејќи климатските промени се сериозен проблем за различни делови од светот, прашање на време е кога пловечките градови ќе бидат единствениот начин за опстанок на планетата. Враќајќи се на точката на одржливост, зградите ќе бидат опремени со соларни панели на нивните покриви, кои ќе имаат инструментално значење за производство на електрична енергија и одгледување храна. Жителите ќе се хранат главно со растителна храна за да се намали потребата за простор, енергија и потрошувачка на вода./М.М.
More in:Екстериер - Ентериер
Кинеска архитектура на природата
Како впечатлив спој на архитектурата и природата, Line+ Studio изработи две извонредни градби во Жеџијанг, ...
Детелина на покривот на конференцискиот центар во Пекинг
Најновото архитектонскo ремек-дело во пекиншкиот кварт Хаидијан e Меѓународниот иновативен центар ZGC. Овој револуционерен конференциски ...
Столици со – штикли!
Француските дизајнери Christian Louboutin и Pierre Yovanovitch создадоа столици со штикли, покажувајќи дека, како што ...
Мебелот на Schiaparelli – меѓу надреализмот и функционалноста
Креативниот директор на Schiaparelli, Daniel Roseberry и уметникот F Taylor Colantonio креираа надреалистички мебел од ...