Високите потпетици не се иновирани два века. Досега, односно се додека во Pashion не создадоа револуционерна иновација со која чевлите со потпетици можат да се носат од 09 до 21 часот, да бидат со различни височини и едноставно да се менуваат – секако, на истите чевли.
За идејата зад која стои создавањето на потпетиците што се одрвртуваат и завртуваат е брендот Pashion Footwear. Деловната приказна може да се проследи и на Forbeѕ, или, со изјавата на основачот на брендот, Haley Pavone.
Haley Pavone, создавачот на Pashion идејата за новите оригинални потпетици ја добила откако танцувала боса на еден настан, затоа што потпетиците и биле скршени од „блиска средба„ со чевлите на друга жена. Решена да најде подобро решение за проблемите со високите потпетици, уште како студент на колеџ почната со експериментите за создавање посебни петици кои лесно ќе се менуваат обезбедувајќи целосна удобност. Тогаш создавањето, сега контролите постојано го следат квалитетот на нивните чевли – деталите се на: https://pashionfootwear.com
Pashion потпетиците се постојано тестирани според водечките методи во индустријата на Heeluxe, вклучувајќи анализа на плочка со сила, тестирање на издржливост, проценка на приспособување и прилагодено тестирање единствено за нашиот механизам. Heeluxe е меѓународно доверлив партнер, кој има искуство со многу други реномирани брендови за обувки.
Со децении, од жените се барало да изберат помеѓу стил или удобност, кариера или врска, социјален живот или мајчинство, истакнуваат од брендот. Pashion верува во засилувањето на жените да можат за изберат сè. Не жртвувајте ниту еден аспект од она што сакате да биде вашиот живот – можете да го имате сето тоа, нагласуваат од Pashions. Приказната на Pashions може да се проследи и на: https://pashionfootwear.com/pages/how-pashions-work/М.М.