И годинава големо внимание посветено на највпечатливите изгледи на црвениот ќилим на American Music Award
На доделувањето на АМА – Американските музички награди за 2021 година, ѕвездите се појавија во оригинални модни изданија со цел на црвениот ќилим да остават свој особен впечаток.
AMA наградите се еден од настаните на кои освен постигнатото во светот на музика е мошне важен и изгледот и облеката.
Поп-сензацијата на 2021 година и победничката за најдобар нов уметник на годината, Olivia Rodrigo се поjави во проѕирна тоалета од колекцијата пролет/лето 2022 година на David Koma, додека Cardi B покажа дека и понатаму е вљубена во скулптуралната мода на Schiaparelli Haute Couture.
Групата BTS од Јужна Кореја носеше палта на Louis Vuitton, а Chloë модел на Monsoori, додека Halle Bailey беше во креација на Bad Bunny.
Måneskin за прв пат годинава не носеа облека на Етро, туку за своето прво појавување на АМА црвениот ќилим одбраа стајлинг и облека што битно е различна, но и далеку од стилот што досега го градеа./M.M.