Снимен помеѓу Лос Анџелес, Париз и Шангај, модниот филм на Cartier, Love Is All, е доказ за вредностите на семејството во сите негови форми и ја претставува визијата на домот како универзална и вечна љубов.
Режиран од британската модна фотографка и режисерка Charlotte Wales, позната по својот оригинален, внимателен и разигран пристап, филмот е одраз на еден од столбовите на Cartier: верувањето дека уникатноста на секоја личност е збогатена со онаа на другите и дека овие врски ги зајакнуваат нашите таленти.
Филмот обединува дванаесет уникатни личности кои ја ослободуваат својата енергија и креативност преку поп-химната од 70-тите „Love is all“ од Roger Glover и Ronnie James Dio.
Во славната актерска екипа се пријателите на брендот Cartier, вклучувајќи ги Ella Balinska, Mariacarla Boscono, Monica Bellucci, Khatia Buniatishvili, Lily Collins, Golshifteh Farahani, Mélanie Laurent, Troye Sivan, Willow Smith, Annabelle Wallis, Jackson Wang, и Maisie Williams./М.М.