Linea Rossa на модната куќа Prada, наменета за есен/зима 2021 година, е претставена како колекција што „се осмелува да ги премине сите граници и да оди чекор понатаму„. Кампањата што ја промовира колекцијата на италијанскиот луксузен бренд, наречена „Beyond the Line“, вклучува ѕвезди од светот на спортот и танцот. Покрај парчињата спортска облека, кои ветуваат и функција и удобност, колекцијата ги релансира и патиките America’s Cup, задржувајќи го недопрен оригиналниот дизајн.
„И метафорично и физички, буквално и симболично, Linea Rossa претставува лично достигнување и личен рекорд. Она што се стремиме не само да го постигнеме, туку и да го надминеме. Prada Linea Rossa отсекогаш се приспособувала на барањата на спортските високи перформанси, преточени во секојдневниот живот. Во соопштението на брендот Prada се вели и дека за 2021 година, патиките од America’s Cup, направени за прв пат за тимот на Linea Rossa, повторно се лансирани со нивниот оригинален дизајн./М.М.