Saint Laurent

Anthony Vaccarello се препушти на голем романтизам во креирањето на пролетно-летната машка колекција на Saint Laurent, претставена со ревија на венецијанскиот остров La Certosa.

Vaccarello ја опиша колекцијата како „фантазија за викторијанска темна романса“.  Во соопштението за медиумите истакнати се референците за славното минато на Yves Saint Laurent, чии ретро компонентите беа во противтежа со речиси футуристичката атмосфера на инсталацијата создадена за овој настан од уметникот Doug Aitken.

Aitken разви магична структура целосно пекриена со огледала. Во внатрешноста на инсталацијата, уметникот стави растенија чии слики се рефлектираат за да создадат сугестивен калеидоскоп на светлина и рефлексија и флуидна врска со околината. „Идејата за структурата е во врска со желбата да се погледне во иднината без да се заборави минатото и историјата, а истото е и за колекцијата, која го меша минатото и сегашноста и ја прикажува во иднината“, рече Vaccarello  во своите белешки.

Дизајнерот, на пример, ги посочи како почетни точки вечерните црно -бели костуми на Saint Laurent од раните 80 -ти, панталоните од колекција од 1983 година, но и архивските јакни и комплети пижами од крајот на 70 -тите и раните 80 –ти години од минатиот век.

Наместо винтиџ чувство, Vaccarello  додаде уште едно толкување за рокенрол елеганција, овој пат поромантично од кога било.

Границите помеѓу женственото и мажественото се замаглуваат, како и линиите помеѓу секојдневните парчиња и пригодната облека. Гардеробата е дизајнирана за ексцентрични мажи кои се чувствуваат удобно во кошули од тантела, драматични свилени наметки кои се совпаѓаат со тесни панталони и чевли на платформа со врвки, како како и во широки пиратски блузи со ракави. Кроењето е збогатено со кадифени инсерти и нежни брошеви./M.M.

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

Saint Laurent

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.