Британската куќа за парфеми, Jo Malone London, е позната по елегантните мириси, парфемирани свеќи и козметика за нега на телото. Од лансирањето на пионерските Lime Basil & Mandarin, Jo Malone London влезе во првите редови во светот на парфемите со употребата на неочекувани и фасцинантни состојки. Сите креации на Jo Malone London се мириси со софистицирана едноставност.
Филозофијата за комбинирање мириси подразбира дека секој парфем е дизајниран да се носи сам или во комбинација со друг, парфем овозможувајќи создавање на нешто особено и уникатно.
Креативното студио во Лондон црпи инспирација од британскиот живот и култура, обликувајќи приказна зад секој парфем. Секој нов мирис е создаден во партнерство со еден од најистакнатите парфимери, користејќи состојки со највисок квалитет. Секоја креација е изработена со огромна грижа и внимание.
Наскоро, Jo Malone London доаѓа кај нас. Ексклузивно, во FABUspot парфимерија./М.М.