Претставувајќи ја својата блескава колекција на свечени фустани за оваа есен, Zuhair Murad се осврна и на загубите од пожарот по експлозијата во неговото атеље во Бејрут, како и за влијанието на пандемијата врз бизнисот.
Во пожарот изгубив речиси три четвртини од архивата, посочи Murad. Потоа пандемијата погоди. Но, тука сме, подготвени да се вратиме. Обновата е длабоко всадена во нашата култура.
Работата на колекцијата направила да се чувствува добро, да му даде цел и сила: „Сакав колекцијата да ја покажам во физички формат, како прослава на обновата и на надежта“, вели Murad. https://www.zuhairmurad.com/en/FW21-look-41#3
Совршенството и раскошот се територии по кои дизајнерот се движи со совршена леснотија. За да ја инспирира својата ода за неприкосновениот сјај, дизајнерот погледнува кон Венеција. Градот ја обезбеди колекцијата со слоевити референци: историјата на градот и неговата величественост се длабоко испреплетени со естетиката на Блискиот Исток. Низ вековите претрпе инвазии, уништувања, чума, но секогаш повторно се појавувале сјајно, со својата недопрена магија. Овој дух на воскреснување е она што го привлече Murad, кој исто така беше фасциниран од визуелноста на карневалските маски.

Колекцијата, претставена во живо во Париз, пред мала публика, беше бесконечен наплив на раскош, убавина и врвно занаетчиство; вечерните фустани подготвени за црвениот ќилим беа компонирани со сложени везови и трепереа со кристалните реси наместо ракави, во сребро и злато. Палетата на црни фустани беше надополнета со детали во тонови на смарагд, рубин и сафир. Murad истакнува дека „Жените денес копнеат да бидат во светлина, сакаат да бидат на сцената, ја сакаат светлината , како онаа на лустерите на палатата на Grand Canal./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.